Србов: Ти одлучуваш

12.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србов: Ти одлучуваш

Во среда имаш вистински избор, не се сите исти како што сакаат да те убедат од актуелното раководство на СДСМ.

Не се, на овие парламентарни избори имаш две дијаметрално различни опции кои ни од далеку не се исти, гласаш дали наредните години да те води човек кој не исполни ниту едно ветување, поточно, направи сѐ спротивно од она кое го говореше, човек кој е уценет од сите соседни држави и така е лесен „плен' во политиката, човек кој го слушаш на снимки како зборува за 6 милиони евра рекет, човек кој разговарајќи со лажна Грета Тумберг на телефон ветува затворање на аеродромите, човек кој има најголем број на гафови од сите лидери на држави заедно, или за професор кој нема со што да биде уценет од соседните земји.

Што мислиш, зошто бугарските власти велат дека за нив најдобра опција е Зоран Заев да ја води Република Македонија? И тие самите знаат дека тој е аналфабет за политика и нема основни познавања за водење преговори, но исто така знаат и дека толку искомпромитиран политичар е лесен плен кој би потпишал сѐ што е во интерес на соседните држави.

 Многу е едноставно, доколку некој има куп материјали во кои е содржано целото ваше незаконско постапување изминатите години и кои веднаш можат да ве испратат зад решетки има можност да постапите и спротивно на државните интереси само да го избегнете соочувањето со правдата. На тој начин Македонија е многу ранлива во пресрет на решавањето на косовското и другите прашања на Балканот.

Дали сакаш да бидеш „жив штит“ пред бизнис империјата на семејството кое вршело рекет врз половина од приватниот сектор во Македонија?

На 8 мај 2015 година беше потпишана коалиција помеѓу граѓанскиот сектор и СДСМ која се нарече „Граѓаните за Македонија“ по што на 17 мај следеше протестот пред владата под слоганот „Доаѓаме“. Тоа е таа коалиција за која во снимките Заев вели дека ја регистрирал и им ги пцуе мајките на сите кои се вклучиле.

Незадоволството од катастрофалните политики изминативе 3 години го канализираше преку неколкумина функционери и пратеници кои произлегоа од тие невладини и на јавноста и кажаа „другари, ние не се осеќаме и......“. За ова ли „доаѓавте“ во 2015 година? Или секој ден „во 18 пред СЈО“ доаѓавте за 6 милиони евра рекет? 

И најмалку би се согласил со онаа кованица „од двете зла да го избереме помалото зло“, не, на овие избори, покрај злото, имаш можност да гласаш и за светла иднина, да се исправиш како Македонец и да не бидеш повеќе предмет за потсмев дури и од нефункционални држави.

Имаш опција да гласаш дали уште ќе ја живееш политичката криза која трае веќе 5 години и постојано ќе се навраќаме назад, или ќе гласаш за твојата иднина. Дали во 2020 година еден народ треба да се преокупира со историски прашања и со прашања за право на самоопределување? До кога ќе зборуваме за минатото?

 Имаш опција да гласаш за вистинска надворешна и економска политика бидејќи патриотизмот лежи во благосостојбата на својот народ и неговата светла и извесна иднина.

Ти одлучуваш!

(Никола Србов)
 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата