Младиот возач на Ферари Шарл Леклер призна дека е виновен за инцидентот кој предизвика негово и испаѓање на тимскиот колега Себастијан Фетел на денешната трка во Австрија. Швајцарецот ја почна трката од 14. место и се обиде уште на стартот да избие што е можно погоре, а во невнимание го закачи својот колега и двајцата испаднаа од трката.

Разочаран сум од себе. Жалам, но тоа не е доволно. Јас сум тотален идиот. Го разочарав тимот, откако напорно работеа за да имаме подобри болиди и да извоземе одлично. Бев премногу нетрпелив да избијам напред уште во првиот круг. Ова нека ми биде лекција за понатаму“, изјави Леклер.