Конечно Борнмут заигра како што треба и впиша една убава, убедлива победа. Во 35 коло „црвено-црните“ го победија Лестер со убедливи 4:1 со тоа што сите четири гола ги дадоа во второто полувреме. Во првото водеа „лисиците“ со погодокот на Варди.
Во вториот дел Станислас погоди од пенал, а потоа гостите се распаднаа. Следуваше гол на Соланке за водство на Борнмут од 2:1, па црвен картон за гостинскиот играч Сејунџу, па автогол на Џони Еванс за водство на домашниот тим од 3:1 и на крајот Соланке ги постави конечните 4:1.
Борнмут се приближи на три бода до сигурната зона, каде се Вотфорд и Вест Хем, а Лестер остана на позиција четири. Инаку ова е најубедливата победа на Борнмут над Лестер, а во септември 2018 година му даде четири гола но тогаш резултатот беше 4:2.
На Борнмут му останаа уште мечевите со Манчестер Сити (гости), Саутемптон (дома) и Евертон (гости).