ХАШИМ ТАЧИ СТИГНА ВО ХАГ

12.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХАШИМ ТАЧИ СТИГНА ВО ХАГ

Косовскиот претседател Хашим Тачи пристигна во Хаг како гостин на Специјалното обвинителство, каде ќе биде сослушан утре, јавува приштинската телевизија Клан Косово.

Тачи денеска не присуствуваше на состанокот на Националниот совет за безбедност на Косово, на кој претседаваше премиерот на Косово, Авдулах Хоти.

„Според нашите извори, Тачи не учествувал на оваа средба, затоа што тој го напуштил аеродромот во Тирана околу 15 часот за да пристигне за утрешното сослушување во Хаг, каде ќе го брани британскиот адвокат Џефри Најс“, пренесува Клан Косово ТВ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата