Во Австрија ВТОРИОТ БРАН НА КОРОНАВИРУС ДОАЃА ОД БАЛКАНОТ

12.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Австрија ВТОРИОТ БРАН НА КОРОНАВИРУС ДОАЃА ОД БАЛКАНОТ

Во Австрија се регистрирани 114 нови случаи во последните 24 часа, а владата е загрижена за зголемувањето на позитивните случаи поврзани со патниците од југот, така што некои политичари бараат построги гранични контроли.

Денес беше објавено дека досега позитивни на тестовите биле 18.897 лица во Австрија, што е за 114 повеќе од претходниот ден.

Најголемото зголемување на бројот на заразени е поврзано со сојузната држава Горна Австрија, каде се пријавени 53 нови случаи. Многу од овие случаи се поврзани со луѓе кои престојувале во една од земјите на Југоисточна Европа. Во последните две недели 45 лица кои престојувале во една од земјите на Југоисточна Европа пристигнаа во Австрија позитивни на коронавирусот.

Од нив 10 се од Косово, од Србија девет, од Босна и Херцеговина се 7 и 5 се од Хрватска и Романија.

Премиерот на Федералната провинција Горна Австрија, Томас Стелцер, апелираше до граѓаните кои се на годишен одмор да бидат внимателни. Тој, исто така, повика на построги гранични контроли.

„Она што ни треба се построги гранични контроли за да се спречи вирусот посилно да навлезе во земјата“, рече Стелцер.

Австрија воведе задолжителен карантин за сите лица што се враќаат од Србија или Босна и Херцеговина, а Министерството за надворешни работи силно повикува граѓаните да не патуваат во тие земји.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата