(Видео) Антивладини протести во Бугарија

12.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Антивладини протести во Бугарија

Илјадници граѓани, четврти ден по ред, се собраа пред претседателството во Софија во попладневните часови, барајќи оставка од Владата и јавниот обвинител.

Демонстрантите скандираа „Оставка“, а протестот течеше мирно.

Еден од присутните рече дека излегол на протестот затоа што сака „оваа корумпирана влада да падне“. Друг граѓанин изјави оти протестира бидејќи владата на Борисов е мафија, пренесе „БГНЕС“.

Незадоволен граѓанин истакна дека се појавиле многу записи со непристојни содржини и тоа е доволно добра причина за да се протестира.

Протести се одржуваат и во други градови низ Бугарија.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев синоќа во обраќање до нацијата побара оставки од Владата и од јавниот обвинител. Бугарскиот премиер, Бојко Борисов денеска изјави дека демократски начин за преземање на власта е на избори.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата