Веспрем го означи стартот на подготовките за новата сезона. Тренерот, Давид Дејвис ги собра момците, голем дел од нив пред извесно време го носеа дресот на Вардар и се искачија на тронот на Европа.

Нови имиња се Данил Шишкарев и Хорхе Македа, во тимот се уште Вуко Борозан, Рожерио Мораеш и македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков. На собирот дојде и искусниот голман Арпад Штербик, но тој најверојатно ќе има друга улога оваа сезона, откако претходно соопшти дека ќе стави крај на играчката кариера.