Еколошка катастрофа во Русија, истекле околу 45 тони гориво

12.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еколошка катастрофа во Русија, истекле околу 45 тони гориво

Рускиот производител на никел „Норилск никел” соопшти дека од неговиот цевковод на Арктикот истекле 44,5 тони гориво.

Инцидентот се случил кога дошло до пад на притисокот во цевководот за впумпување на гориво во околината на населбата Тухард.

Цевководот е затворен и се собира излеаното гориво, а производителот смирува дека нема опасност по здравјето на луѓето.

„Норилск никел” беше одговорна за инцидентот кон крајот на мај, кога 21.000 тони нафта од електраната протекоа во океанот.

Компанијата исто така призна дека исфрлила илјадници тони високо токсичен течен отпад во реките.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата