Доколку сакате да ги сокриете вашите бели влакна, покрај стандардните купечки фарби, денес ви претставуваме едно сосема природно решение, со подеднаков моќен ефект!
Потребни состојки
- Вода
- Лушпи од компири
Начин на подготовка
Доведете ја водата до точка на вриење, а потоа во истата додадете ги лушпите од компирите. Варете 5 минути, а потоа прецедете и почекајте растворот да се излади.
Веднаш штом растворот ќе добие темна боја, истиот може да се користи.
Начин на употреба
- Измијте ја косата на вообичаениот начин, со обичен шампон.
- Исплакнете со колку што е возможно повеќе вода, а потоа намокрете ја косата со компировиот раствор.
- Завиткајте ја косата во крпа и оставете го растворот да дејствува 1 час.
- На крај исплакнете ја косата.
Овој раствор ќе придонесе за потемнување на косата. Важно е редовно да го користите, за да ги добиете посакуваните резултати. Повторете колку пати сакате, по ваша желба, бидејќи природниот раствор е сосема безопасен за користење.