Џенова го победи СПАЛ со 2:0 и направи голем чекор напред кон опстанокот во најсилната италијанска лига. Тоа е приоритет на екипата од Џенова која ги освои трите бода, но се уште не е сигурна на табелата. Горан Пандев беше најдобар на теренот, вистински лидер, а го постигна голот за водство.

Убаво е кога се победува. Важно беше денеска да впишеме три бода и го направивме тоа, но нѐ чека уште работа. Имаме уште 6 финалиња пред нас, се надевам дека ќе обезбедиме опстанок затоа што овој клуб овие фанови заслужуваат да бидат дел од Серија А“, изјави Пандев.

Пандев има девет голови исто како пред 11 години.

Дали се подмладувам? Не, не, наскоро ќе полнам 37 години, но секогаш се трудам да одиграм најдобро, а што е најважно да им помогнам на момците и да дадам се од себе за тимот“, додаде Гранде Пандев.

Следните дуели на Џенова се против Торино, Лече, Сампдорија, Интер, Сасуоло и Верона.