Бидна крштевката на Жељко - ОБЈАВЕНА ПРВАТА ФОТОГРАФИЈА ОД ВНУКОТ НА ЦЕЦА (ФОТО)

12.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бидна крштевката на Жељко - ОБЈАВЕНА ПРВАТА ФОТОГРАФИЈА ОД ВНУКОТ НА ЦЕЦА (ФОТО)

Вељко Ражнатовиќ се огласи на својот Инстаграм профил и ги израдува своите фанови со добра вест. Имено денес беше крштевката на малиот Жељко, а со тоа беше објавена и првата слика од бебето.

Гордиот татко објави фотографија од црквата, а кум е најдобриот пријател на Вељко, Никола Вавиќ.

- Денес, на големиот српски празник и денот на ослободување на српскиот народ, го крстивме нашиот наследник. Куме  нека е со среќа! Правете деца и воспитајте ги да бидат патриоти. Бог да ве благослови сите. Да живее српскиот народ! - напиша Вељко во описот на фотографијата, на својот Инстаграм профил.

Како изгледа малиот Жељко, погледнете тука.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата