Бесард Шабовиќ, македонскиот играч кој има настапи во младинската селекција на нашата земја, погоди за Мјалби во денешниот меч со Хакен во шведското првенство.

Шабовиќ со глава донесе водство за Мјалби во пресметката против Леонард Жута на спротивната страна.

На крајот Мјалби победи со 3:1 и се искачи на високото второ место на табелата. Шабовиќ беше повлечен од игра во 77 минута, а Жута остана на теренот цел натпревар.