„Бомба“ на Лаказет во 16. минута и пекрасен гол за Арсенал. Се чинеше дека тоа ќе ги „поремети“ играчите на Тотенхем во обидот да дојдат до три бода, но не се случи тоа. Тотенхем славеше триумф од 2:1 на крајот, благодарение на одличниот настап на Сон.

Сон го постигна израмнувачкиот гол во 19. минута по огромната конфузија во дефанзивата на „топчиите“. Невозможно е Арсенал со ваква дефанзива да се надева на нешто повеќе.

Сон потоа асистираше до Алдервирелд во 81. минута за гол со глава и целосен пресврт на Тотенхем, и доближување до местата кои носат во ЛЕ, а оддалечување од истите на Арсенал.