Горан Пандев донесе златни бодови за Џенова. Сигурно дека и неговите соиграчи се заслужни, но тој го постигна водечкиот гол, оној кој го поведе тимот кон успех со Спал и победа важна за опстанокот.

Пандев погоди по една супер акција со десната нога во аголот. Неговиот тим потоа утна и пенал, но во вториот дел стави печат на победата од 2:0.

Македонскиот капитен го постигна својот девети гол во Серија „А“ сезонава. Дефинитивно важна алка за Џенова во битката за опстанок.