Во Србија 11 починати и 287 новозаразени од коронавирус

12.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Србија 11 починати и 287 новозаразени од коронавирус

Според најновите податоци во изминатите 24 часа во Србија починале 11 лица, а новозаразени со ковид-19 се 287.

На распиратори моментално се наоѓаат 144 пациенти.

Бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирус во Србија достигна 393, а стапката на смртност изнесува 2,14 проценти.

Изминатите 24 часа тестирани се 4.050 луѓе, а вкупно од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се дури 491.428 лица.

Вкупниот број регистрирани случаи на вирусот во земјата е 18.360.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата