НАПРАВЕТЕ ДЕЗИНФЕКЦИЈА СО СОДА БИКАРБОНА

12.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАПРАВЕТЕ ДЕЗИНФЕКЦИЈА СО СОДА БИКАРБОНА

Покрај тоа што повремено се користи во кулинарството како замена за квасец и во голем број козметички третмани, сода бикарбона е одлично средство и за дезинфекција на работниот простор.

Течноста од вода и сода бикарбона е исклучително делотворна за одржување керамички, дрвени, метални, пластични и слични површини.

Со неа може да се чистат подовите, кујнските елементи, бањата, шпоретот, фрижидерот, но и многу други предмети во домот.

Доволно е во литар вода да изматите 50 г сода бикарбона, со течноста да натопите сунѓер и со него да ги пребришете површините.

Поупорните дамки прво се полеваат со сода, се оставаат малку да отстојат, а потоа се употребува и течноста.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата