ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Дете плаче на крштевање, а свештеникот ГО ФАЌА ЗА ВРАТ И ГО УДИРА

12.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Дете плаче на крштевање, а свештеникот ГО ФАЌА ЗА ВРАТ И ГО УДИРА

Видеото како свештеник од Франција, кој удира дете на крштевање, предизвика гнев на социјалните мрежи. Видеото покажува дете како вреска, додека свештеникот му вели нешто, а потоа го удира.

Иако видеото е направено пред две години, во последните денови повторно почна да се споделува на социјалните мрежи.

Имено, како што може да се види во видеото, детето е во рацете на една жена плачејќи постојано, додека свештеникот Жак Лакроа (91) нешто му вели.

Бидејќи детето не се смирува и вреска се погласно и погласно, свештеникот го грабнува грубо за вратот, ја потпира главата на рамото, а потоа го удира.

По шлаканицата, мажот, најверојатно таткото на момчето, го зема од рацете на жената, додека другите приоѓаат и го одвлекуваат свештеникот.

Свештеникот е суспендиран по овој инцидент и веќе не смее да извршува крштевки или свадби.

Тој се правдал дека не знаел што да прави со детето и затоа го удрил, мислејќи дека тоа ќе го смири, родителите на момчето го прифатиле извинувањето на свештеникот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата