Мицкоски и носителите на ВМРО-ДПМНЕ ИМААТ ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ (ВИДЕО)

12.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски и носителите на ВМРО-ДПМНЕ ИМААТ ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со носителите на изборните листи за крај на изборната кампања се обратија до граѓаните преку заедничка видео порака.

Развиена држава, данок од 8%, патишта, болници, школи, гасовод, 4 милијарди инвестиции, вработувања, искоренување на криминалот и корупцијата, се само дел од проектите на кои се обврзуваат од ВМРО-ДПМНЕ:

- Математички прецизно ќе стигнеме до целта.  Развиена држава со луѓе кои имаат повеќе можности, повисок стандард и повеќе пари. Пред се започнуваме со намалување на рамниот данок и тоа на 8%. Така бизнисите ќе имаат повеќе пари, ќе може да вработат повеќе луѓе, а на вработените да им даваат повисоки плати и буџетот ќе се полни повеќе, изјави Мицкоски

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата