ДЕНЕШЕН ХОРОСКОП: Овој знак денеска го очекува убава средба

12.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕНЕШЕН ХОРОСКОП: Овој знак денеска го очекува убава средба

ОВЕН

Верувате во подобра иднина и подготвени сте да дадете се од себе за да ја остварите. Надевајте се на интересни случувања со личност која ви се допаѓа. Слободно покажете ги своите чувства. Проблеми со холестерол.

БИК

Не сте задоволни од ситуацијата на работата и полека почнувате да трагате за нови решенија и промени. Со саканата личност имате проблеми и недоразбирања кои често ве следат. Проверувајте го крвниот притисок.

БЛИЗНАЦИ

Под голем притисок сте на работа и чувствувате дека тоа нималку не ви годи. Доаѓа време кога треба малку да забавите. Партнерот ви е максимално посветен и задоволни сте кога сте крај него. Главоболка.

РАК

Ќе дадете се од себе да напредувате. Ќе сторите се да дојдете до нови контакти. Можно е да станувате посесивни во односот со личноста која ви значи и љубомората ве мачи. Мали проблеми со бешиката.

ЛАВ

Пробајте да прифатите добронамерна критика која доаѓа до вас. Избегнувајте реагирање од било каква суета. Ви доаѓаат промени на емотивното поле во следниот период. Полни сте со енергија. Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Доколку се занимавате со приватна работа, ве очекува прилика за проширување на соработката на ова поле. Ако имате партнер, вашиот однос ви е генерално добар и задоволни сте поради тоа. Водете сметка околу желудникот и варењето.

ВАГА

Можно е да ќе бидете наклонети кон тоа сосема непромислено да се впуштите во некакви ризици. Вашата врска може да влезе во монотонија што ве наведува на помисла за прекин. Вие сакате авантури. Болки во вратот.

ШКОРПИЈА

Многу сте снаодливи и посветени на работата. Може да очекувате прилика за напредок. Употребете ја својата имагинација во комуникацијата со личноста која ви значи, и ќе ви стане врската поинтересна. Потребен ви е одмор.

СТРЕЛЕЦ

Не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате. Пред вас е период во кој ќе размислите за промена на работата. Покажете на саканата личност колку ви значи и бидете искрени. Избегнувајте цигари.

ЈАРЕЦ

Ви доаѓа период кој би можел да ви донесе бројни компликации на полето работа. Потребно ви е многу време за да успеете да ги прежалите случувањата од минатото. Проверете ја диоптријата.

ВОДОЛИЈА

Доаѓа период во кој ќе бидете подготовени на полето работа да правите драстични промени и потези со кои многумина ќе бидат шокирани. Ако сте слободни, ве очекува убаво познанство. Опуштете се со пријателите.

РИБИ

Ќе бидете задовлни од она што сте постигнале на ова поле. Пред вас е поволен период. Ново познанство на ова поле го буди во вас ентузијазмот и надежда. Психички сте оптоварени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата