Пет автобуси со српски туристи ПРОТЕРАНИ ОД ГРЦИЈА - ВО ЕДНИОТ ИМА ПОЗИТИВНИ НА КОРОНА

11.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пет автобуси со српски туристи ПРОТЕРАНИ ОД ГРЦИЈА - ВО ЕДНИОТ ИМА ПОЗИТИВНИ НА КОРОНА

Четири автобуси со туристи од Србија кои се негативни на коронавирус и еден со 7 позитивни го напуштија грчкото одморалиште Евија.

Проблемот се појави затоа што возачот кој ги возел тие кои биле заразени со коронавирусот  не ја знае дестинацијата каде да ги однесе.

Претходно жителите на ова грчко место, претежно пензионерите, се побунија, па донесена беше одлука да се протераат сите туристи од Србија од тоа место.

Ваквиот страв на локалните жители, но и потегот на властите да се протераат туристите следи по податокот дека во Грција последниов период пристигнуваат се повеќе туристи кои се позитивни на коронавирусот и ги доведуваат во опасност жителите и останатите туристи во земјата. Само во текот на вчерашниот ден од 60 позитивни на Ковид-19, 40 биле туристи.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата