Новиот основен iPad ќе ги задржи Touch ID и влезот за слушалки

10.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новиот основен iPad ќе ги задржи Touch ID и влезот за слушалки

Доверливи извори тврдат дека Apple најверојатнп нема да направи промени на новата верзија на стандардниот, поевтин iPad, и дека овој модел ќе има Touch ID сензор и влез за слушалки.

Информаците ги откри еден од снабдувачите, кој тврди дека големината на екранот на новиот iPad не е одредена, но дека би можела да биде зголемена на 10 инчи. Снабдувачот додаде и дека годинашниот модел би можел да биде претставен заедно со освежениот iPad mini, кој исто така би требало да биде многу сличен на претходната верзија.

Кога се појави на пазарот минатата година, основниот iPad не беше радикална промена во однос на претходникот и пристигна со 9,7-инчен екран, Touch ID сензор, камери, подобрен процесор и поддршка за Apple Pencil. Најновите информации говорат дека во Apple се задоволи со базниот модел и дека промените нема да бидат драстични, за разлика од iPad Pro, кој веќе има врвни можности како FaceID технологијата.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата