ZTE го прикажа својот трет смартфон со екран на преклоп

10.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ZTE го прикажа својот трет смартфон со екран на преклоп

Паметните телефони со флексибилни екрани, покрај воведувањето на 5G стандардот, дефинитивно ќе ја обележат оваа година. Двата главни играчо ма ова поле – Samsung и Huawei, веќе ги прикажаа своите модели, кои наскоро ќе се најдат на пазарот.

На останатите, како Xiaomi, кои на своите смартфони со екран на преклоп работат на големо, им се придружи уште една кинеска компанија – ZTE.

Од нацртот на нивниот патент, до кој дојде холандскиот сајт Let’s go digital, може да се забележи дека концептот на ZTE е сличен на најавениот RAZR модел на Motorola за 2019. година.

Според она што може да се заклучи од него, ZTE моделот би требало да се преклопува навнатре и тоа одгоре кон долу. Тоа е систем идентичен на некогашните мобилни телефони на преклоп (тн. clamshell).

Со тоа се обезбедуваат помали димензии на уредите, кои отворени, би се користеле во полн профил.

На скицата е воочливо дека уредот нема надворешен екран. Наместо него, за основните известувања и информации се користи долниот дел на флексибилниот дисплеј, како кога уредот е затворен, така и кога е отврен.

ZTE досега имаше фва патента за телефон на преклоп. Првиот беше Axon M, од октомври 2017. година, додека минатиот декември беше прикажан уред сличен на моделот Samsung Galaxy Fold.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата