ШОК! Актерот и давал марихуана на 13-годишната ќерка и смета дека тоа е одговорно

9.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ШОК! Актерот и давал марихуана на 13-годишната ќерка и смета дека тоа е одговорно

Актерот Џони Деп на судење пред два дена во Лондон, откри меѓу другото, дека и давал марихуана на својата тринаесетгодишна ќерка, сметајќи го тоа за одговорно родителство.

Пред два дена се одржа судење во Лондон, на кое поранешните сопружници - актерот Џони Деп и манекенката Амбер Херд - се соочија еден со друг за прв пат по разводот.

Станува збор за тужба за клевета на Деп против списанието „The Sun“ и компанијата „News Group Newspapers“, а во врска со колумната од 2018 година, каде Деп беше наречен „силеџија што тепа жени“.

Деп остро ги негираше обвинувањата дека ја злоупотребил својата поранешна сопруга, но адвокатите на групата НГН тврдат дека нивниот опис на актерот бил „точен и вистинит“. Во писмената изјава, 57-годишниот актер потсетил на инцидент од 2106 година.

Тој, меѓу другото, открил дека и давал марихуана на својата ќерка Лили Роуз кога имала само 13 години, тврдејќи дека станува збор за одговорно родителство.

Исто така, адвокатите доставиле докази дека самиот Деп го нарекол своето пијано алтер его чудовиште, а актерот посочил дека Елтон Џон е еден од клучните луѓе кои му помогнале да се ослободи од алкохолот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата