Еден од најдобрите германски голмани Мануел Ноер летува во Хрватска, а денеска се возел со велосипед  и го посетил селото Гата, во близина на градот Омиш во Макарската ривиера. Таму застанал на пијалок во едно кафуле, пишува „Далматински портал“.

Тој им платил пијалок на сите во кафулето, поделил неколку автограми, се фотографирал и на крајот се потпишал на вратата од кафулето и си продолжил по патот.

Ова не е првпат Ноер да летува во Хрватска. Минатата година летувал на Хвар, а потоа кратко и во Дубровник.

FOTO> Далматински портал