Уплатиле евтин апартман во Грција, ЗАВРШИЛЕ ВО ХОТЕЛ СО ПЕТ ЅВЕЗДИ

9.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уплатиле евтин апартман во Грција, ЗАВРШИЛЕ ВО ХОТЕЛ СО ПЕТ ЅВЕЗДИ

Иако на многумина им пропадна одморот во Грција, сепак некои поминаа подобро отколку што се надеваа.

За некои, животот е мајка, а за некои, маќеа! Додека голем број српски туристи мораа да го прекинат одморот заради позитивен тест на Ковид 19, други добија повеќе отколку што платиле.

Тест направен во автобус со српски туристи на бугарско-грчката граница Промахонас, покажал дека две семејства и две другарки на Тасос се позитивни! Прво следел шок, а потоа решение. После шокот, тие веднаш биле пренесени во Ковид хотел.

Но, хотелот не е обичен, туку е хотел со 5 ѕвезди.  Локалните власти на Тасос донесоа одлука дека сите туристи кои се позитивни и асимптоматски случаи, можат да го продолжат летниот одмор во Ковид хотел. За позитивните туристи е подготвен луксузен хотел со соби со поглед на море и полн пансион, пишува Новости.

Позитивните туристи претежно оделе во Грција со исплата за поевтино сместување, а добиле „Ковид ол инклузив“ во луксузен хотел ?!

Грчките здравствени власти алармираат, бидејќи бројот на заразени е во пораст, а повеќето случаи се поврзани со туристички патувања, особено со оние кои доаѓаат од балканските земји, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата