Преку посредник работеле во Германија и биле оштетени за исплатата и документите за престој

9.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Преку посредник работеле во Германија и биле оштетени за исплатата и документите за престој

Двајца Кумановци, во полицијата пријавиле дека по претходен договор со А.С. во мај 2019, заедно со уште шест лица од Куманово заминале во Манхејн, Германија, каде започнале со работа во градежна фирма.

Но, по три месеци од престојот, ним им биле исплатени само две плати и не им биле обезбедени документи и престој од А.С., согласно претходниот договор, по што си заминале од Германија.

Според пријавеното, тие имале неколку обиди да стапат во контакт со А.С., но таа не се јавувала, по што констатирале дека се оштетени и измамени за сума од 2.600 евра.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата