Бундес-лигашите секогаш се оригинални кога станува збор за стартот на подготовките. Загревањето почнува со заедничко „логорување“ на отворено, прошетки низ природа…

Ова е пракса на Штутгарт, тимот за кого настапува репрезентативниот пикер, Жарко Пешевски. Бундес-лигашот утринава сподели интересни фотографии од Зилертал Арена, место кое се наоѓа во Австрија.