ВЛАСТА ПОПУШТИ: Нема да има полициски час во Србија, но ќе има забрани за групирање и работа

9.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВЛАСТА ПОПУШТИ: Нема да има полициски час во Србија, но ќе има забрани за групирање и работа

Во Белград нема да биде воведен полициски час, туку целосна забрана за јавни собири и на групирања за повеќе од 10 лица на отворен и затворен простор. Сите продавници и трговски центри ќе бидат затворени од 21 до 06 часот.

Српската премиерка Ана Брнабиќ, по денешната седница на Кризниот штаб, соопшти дека разговарале за враќање на некои од рестриктивните мерки кои беа во сила во април и мај, но не за целата територија на Србија, туку само во погодените области.

Во понеделникот, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во Белград е алармантно бидејќи таму се над 80 отсто од заразените во Србија и најави можност за повторно воведување полициски час во српската престолнина, поради што почнаа и протестите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата