Уапсен советник на бугарскиот претседател

9.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсен советник на бугарскиот претседател

Советникот на бугарскиот претседател за правни прашања, Пламен Узунов е уапсен откако претходно бил извршен претрес во неговиот кабинет, пренесува Бугарското национално радио повикувајќи се на адвокатот на Узунов.

Бугарскиот јавен обвинител Иван Гешов изјави дека во тек се два одвоени истражни процеси, од кои едниот го спроведува Военото окружно обвинителство, а вториот Специјалното обвинителство.

Името на Пламен Узунов повеќепати беше доведувано во врска со бизнисменот Пламен Бобоков.

Претходно беше објавено дека бизнисменот Пламен Бобоков разговарал со Пламен Узунов и унапредувал на позицијата амбасадор луѓе што го интересирале. Подоцна се дознало дека за именувањето на амбасадор во Нигерија Бобоков разговарал и со самиот претседател.

Освен тоа, Бобоков му се обраќал за помош на Узунов за да обезбеди државјанство за Русон што Бугарија на почетокот го третираше како лице што претставва опасност за националната безбедност.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата