Металург го комплетираше составот за новата сезона во која ќе одигра едно квалификациско коло за пласман во групната фаза во Лига Европа.

Во Автокоманда ќе пристигне босанскиот репрезентативец, Марко Тарабокија. Станува збор за играч кој игра на позицијата среден бек и кој минатата сезона беше дел од унгарскиот Чурго.

Ова беше последен играч во ростерот на Зоран Кастратовиќ, кој подготовките за новата сезона ги закажа на 20. овој месец.