По синоќешното дерби во Серија А меѓу Пандев и Елмас, вечерва (19:30 часот) одново “македонско“ дерби во Европа, овојпат Алекс Трајковски против Енис Барди. Во рамките на 35. коло во Ла Лига се среќаваат Мајорка против Леванте.

Се очекува уште една супер партија на Барди, кој со своите настапи и голови по корона паузата е трансферна цел и на гигантот Арсенал, додека “домаќинот“ Алекс по подолго време од меч во меч добива се поголема минутажа.

Навистина ќе биде интересно, како што и беше и вчера во Серија А, да се проследи ова “македонско“ дерби во Шпанија. Според местото на табелата секако дека на Мајорка и “гори“, мора по секоја цена да победи и да ги освои трите бода ако сака и натаму да остане во битката за опстанокот, додека Леванте е нешто порекласиран, иако и овој тим не е баш толку далеку од опасната зона.