ЕХФ одржа видео-состанок со учесниците во Лигата на шампионите. Главната тема на дискусија била достапноста на секоја земја во време на пандемијата на коронавирус. За најелитното европско клупско натпреварување е границите да бидат отворени и да нема ограничувања за клубовите кои ќе доаѓаат, пишува „handballfast“.

Токму поради одредени рестрикции Русија може да остане без своите претставници Ростон Дон и тимот на Сара Ристовска, ЦСКА. Европската Унија во време на „Ковид-19“ има посебна политика, границите на земјите кои не се членки засега остануваат затворени.

Ова е причината поради која руските тимови може да бидат исфрлени и на нивно место да дојдат две нови екипи.

Доколку навистина се применува оваа политика, ќе настрада и Вардар, како и Мешков Брест и Мотор, кои исто така доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ. Сепак е рано да се размислува и дига паника, сезоната почнува на средината на месец септември, можат да се променат многу работи, а веруваме дека за вакви натпревари ќе има посебни дозволи, па и за руските екипи.