Нов македонски дуел, после оние два во Италија во рамките на неколку денови, вечерва на мегдан излегуваат Мајорка и Леванте, односно Александар Трајковски и Енис Барди. Мајорка на четири кола до крајот е во црвената зона (18 позиција) со шест бода помалку од сигурните позиции. Победата над Селта со 5:1 малку ја охрабри екипата, но набрзо потоа дојде дебаклот од Атлетико Мадрид (3:0) и сега ќе му биде потребна многу среќа и сила да избегне испаѓање во понизок ранг.

Леванте е спокоен на 12 позиција, во последните три кола запиша победа и две ремија.Трајковски може да се најде во стартниот состав откако покажува напредок во формата за разлика од почетокот на годината кога не беше ни меѓу резервите. Енис Барди ја одлежа суспензијата поради жолти картони и се враќа во средниот ред.

Трајковски во досегашниот дел од сезоната одигра 266 минути во 11 натпревари и се уште го чека првиот гол сезонава. Барди е многу постандарден, во 25 натпревари реализира четири гола.

Мајорка вклучувајќи го и овој меч има четири шанси за да обезбеди опстанок. После Леванте ќе игра со Севиља (гости), Гранада (дома) и Осасуна (гости). Мора како знае и умее да собере што е можно повеќе бодови и да се надева дека конкурентите нема да прават чуда за да се спаси.

На првиот меч сезонава Леванте победи со 2:1. Ќе видиме како ќе биде денеска.

ШПАНСКА ЛА ЛИГА
МАЈОРКА – ЛЕВАНТЕ
Почеток, 19:30 ч.
НАШИ ПРЕДЛОЗИ: ПГ 2, Гол-гол или КМБ 1Х&3+