Европските кошаркарски клубови не губат време, на големо се подготвуваат за новата сезона. Барселона денеска го потврди долго најавуваниот трансфер, Ник Калатес и официјално е дел од каталонскиот гигант.
Грчкиот кошаркар кој доаѓа од таборот на Панатинаикос потпиша три годишен договор со шпанскиот клуб. Во следниот период се очекува потврда за Пол Гасол, кој одлучи да се врати во својот матичен тим. На списокот на Барса пред извесно време се најде и Ненад Димитријевиќ, засега нема информации дали ќе го напушти Хувентуд.