Амбасадата на САД во Белград: Загрижени сме за ситуацијата, постојат координирани напади врз полицијата

9.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Амбасадата на САД во Белград: Загрижени сме за ситуацијата, постојат координирани напади врз полицијата

Амбасадата на САД во Белград соопшти дека со внимание ги следи настаните во Србија. Од таму наведуваат дека се длабоко загрижени за насилството на протестите што се одржаа вчера и завчера во Белград и други градови во Србија.

„Осудуваме секаков вид насилство, вклучувајќи, како што нам ни изгледа, и координирани напади врз полицијата кои делуваат како да сакаат да испровоцираат претерана реакција, како и, се чини, прекумерна употреба на сила од страна на полицијата“, пишува во соопштението.

Додаваат дека слободата на изразување и правото на мирно собирање се во основата на секоја демократија и дека Америка е земја која токму сега се соочува со предизвици во поглед на граѓанските протести и немири.

„Загриженоста и дебатата за суштината на овие работи во Србија и секаде во светот – за тоа како една земја да го сочува својот народ пред една од најсмртоносните пандемии на нашето време – се сериозна работа и мора да биде дел од смирена расправа на национално ниво. За да се покрене ваков дијалог во Србија, потребно е слободно медиумско опкружување и реформи во областа на владеење на правото“, пишува во соопштението.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата