Зоран Мамиќ е поставен за привремен тренер на Динамо Загреб, одлука која на фановите на овој клуб не им се допадна. Ден по прекомандата од спортски директор на клупата на „модирте“, „Бед Блу Бојс“ излегоа на протест.

Навивачите не го сакаат Зоран Мамиќ на клупата на Динамо Загреб, причината е добро позната, тој со неговиот брат Здравко беа осудени поради финансиски малверзации.