После мирниот прв дел во кој немаше голови ниту многу шанси, во вториот дел „дожд“ од голови на дербито во Италија меѓу Милан и Јувентус.

Јувентус имаше 0:2 уште на стартот на второто полувреме (Рабио 47’ и Роналдо 53’). Кога се чинеше дека Јуве има победа и сигурни 10 бодови во однос на Лацио, кој претходно загуби од Лече, Милан за само пет минути стигна до пресврт од 3:2.

Ибрахимовиќ од пенал во 62. минута донесе намалување на водството, за Кеси во 66. минута израмни. Само минута подоцна Леао успеа да погоди во мрежата на Шчесни за пресврт.

После грешката на Алекс Сандро, Ребиќ носи и 4:2 предност за Милан. Навистина неверојатно е што пропуштија играчите на Јувентус, но сега финишот на сезоната и борбата за скудетото е поинтересна, односно остана разликата од седум бодови пред Лацио.