Бунт во Белград. НАСИЛЕН ВЛЕЗ ВО СОБРАНИЕТО ПРОТИВ ПОЛИЦИСКИ ЧАС И КАРАНТИН!

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бунт во Белград. НАСИЛЕН ВЛЕЗ ВО СОБРАНИЕТО ПРОТИВ ПОЛИЦИСКИ ЧАС И КАРАНТИН!

Група студенти тргнаа од Студентскиот град во Нов Белград кон центарот со цел да им се придружат на собраните кои протестираат на улица веќе два и пол часа. Се проетестира против одлуката ан владата да воведе полициски час заради зголемениот број заболени од корона вирус.

Со звуците на свирежи и извици, студентите се упатија кон градот, каде што први излегоа претставниците на Иницијативата „Да не се давиме Белград“.

Тие ја обвинија владата дека е одговорна за епидемиолошката состојба во земјата и дека сега воведува рестриктивни мерки заради влошената состојба. Сепак, тие не наведоа што предлагаат.

Претседателот Вучиќ вечерва на прес конференција во зградата на Владата на Србија дека ќе биде воведен полициски час за викенд. Тој додаде дека Кризниот штаб за борба против корона вирусот ќе донесе одлука дали мерките ќе се применуваат само за Белград или за цела Србија.

Тој исто така најави дека од утре во главниот град, секој јавен собир за повеќе од пет лица, или на отворен или затворен простор, ќе биде забранет.

Собирот на млади и студенти го искористија некои опозициски партии, се организраат автобуси од внатрешноста за превоз во Белград, а сега се врши и обид за насилен влез во националната телевизија РТС

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата