(Видео) Мицкоски: Ниту анкетите напишани на Бихаќка нема да им помогнат, пирејот се буди

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Мицкоски: Ниту анкетите напишани на Бихаќка нема да им помогнат, пирејот се буди

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од Свети Николе порача дека на 15-ти јули граѓаните одлучуваат за иднината на нашата татковина.

„Одлуката овој пат е помеѓу сосема две спротивставени политички понуди. Срам или чест. Подвиткана кичма или исправена кичма. Да не спомнувам какво предавство направија на сопствениот народ. Ветувајќи му подобра иднина. А денеска по скоро четири години мандат, Европската унија ги затвори вратите за граѓаните на Македонија. Ете таква перпектива овие луѓе можат да донесат и ја донесоа. А за пљачки да не зборам. Ќе почнам од нивниот генералниот секретар, па ќе завршам со куферчето Луј Витон кое заврши во Обвинителтвото кое веќе не постои. Затоа овде јасно и гласно да се разбереме. Секој оној кој ќе заокружи за Љупчо Николовски, слугата на Зоран Заев, директно заокружува за уништување на Македонија. Затоа на 15-ти јули јас чувствувам голема енергија, го чувствувам пирејот како се буди во секој еден, без разлика на етничката и верска различност, голема победа се случува. Голема победа ќе се случи на Коалицијата за обнова предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ниту оние анкети напишани на Бихаќка нема да им помогнат“, кажа Мицкоски.

Не може да правиме држава, додаде тој, без да има одговорност.

„Затоа мора секој од политичарите да докаже како го стекнал својот имот, своите автомобили. Неможам да се помирам со фактот кој што го видов додека го посетував секој греад секое село. Тага во очите кај народот. Тага и болка во градите. А разочарување се изговара од устата. Затоа што секој се чувствува изневерен, излажан. Па, луѓето велат сите политичари се исти. Не сме исти. Заврши времето на СДСМ политичарите – елитисти, завалени во кожни фотељи кои газат по дебели црвени персиски килими. Овие политичари ќе го следат принципот на народот. И овдека заедно со народот ќе си ја обновуваат Македонија. Ние не сме СДСМ па да владееме со народот, туку заедно со народот ќе ја обновуваме татковината. Тоа треба на сите да им е јасно. А оние кои владеева во минатото и се богатеа на грбот на народот и се огрешиле пред законите, одговорност ќе има. Од 16-ти јули започнуваме веднаш со лоцирање на одговорноста“, рече Мицкоски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата