Вотфорд го совлада Норич со 2:1 во 34. коло на Премиер лигата и со овие важни три бода направи голем чекор напред кон опстанокот, а притоа со овој пораз „канаринците“ се селат во Чемпионшип дивизијата.

Со оглед на тоа дека има уште четири кола до крајот Норич нема шанси да се извлече од црвената зона.

А Норич дојде во предност со голот на Буендија уште на почетокот на мечот, но шест минути подоцна изедначи Доусон. Во второто полувреме прекрасна реакција на Дани Велбек. Поранешниот напаѓач на Арсенал, сега на Вотфорд, со ножички ја затресе мрежата на „канаринците“ за конечни 2:1.

Дефинитивно ова е голот на кариерата на англискиот напаѓач. Уживајте во видеото.

 

А Челзи со 3:2 славеше во гости кај Кристал Палас. „Сините“ имаа предност од 2:0 со головите на Жиру и Пулишиќ, Заха намали за на полувреме да се отиде со резултат 2:1. Во вториот дел Абрахам реализира за поубедливо водство на Челзи, а една минута потоа Бентеке погоди за ублажување на поразот.

Standings provided by SofaScore LiveScore