САМОЗАЛАЖУВАЊЕ: Димитров со Бугарија преговара за јазикот, а вели - ТОА Е ЗАТВОРЕНО ПРАШАЊЕ!

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САМОЗАЛАЖУВАЊЕ: Димитров со Бугарија преговара за јазикот, а вели - ТОА Е ЗАТВОРЕНО ПРАШАЊЕ!

Македонскиот јазик, за нас Македонците, е затворено прашање и дома и во странство. Секое пријателство да биде вистинско и европските интеграции да бидат европски, го подразбираат нашето право на самоопределување, истакна Никола Димитров, министер за надворешни работи и носител на листата на кандидати за пратеници на коалицијата „Можеме“ во Изборната Единица 1.

Тој денеска беше гостин во Македонската Академија на науки и уметности (МАНУ) каде присуствуваше на промоција на четири капитални изданија на македонски јазик.

Станува збор за делата „Македонски јазик – континуитет во простор и време“, монографија која дава синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од деветтиот век до неговата кодификација, потоа „Погледи за македонскиот јазик“, зборник на трудови од над 40 домашни и странски лингвисти, „Македонска хрестоматија“ која опфаќа позначајни македонски текстови во периодот од деветтиот до 20. век и „Лингвистички атлас на македонски дијалекти“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата