Тачи: Нема Влада без Албанците, ВОЈНА МОЖЕ ДА ИМА

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тачи: Нема Влада без Албанците, ВОЈНА МОЖЕ ДА ИМА

Мендух Тачи, лидерот на ДПА во гостувањето во „Изборни дебати“ на ТВ 21 на прашањето дали може да има Влада без Албанците,  рече дека без Албанците може да има само војна.

Тачи го обвини лидерот на ДУИ дека е манипулатор кој провоцира одредена ситуација:

-Али Ахмети вели дека се партија за интеграција, а 20 години наназад е националистичка партија. Тој е прав манипулатор кој провоцира одредена ситуација, рече Тачи.

Запрашан дали тоа значи дека вели дека има Влада без Албанците тој додаде дека не бил оставен да доврши со реченицата.

- Нема Влада без Албанците, војна може да има, додаде Тачи

Тачи во емисијата зборуваше и за изборната програма на ДПА, инвестициите и државниот буџет и заканите кои ги добил. Меѓутоа не сакаше да зборува за имиња бидејќи, како што рече, случајот е под истрага.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата