ЖИВА БАРБИКА: Првата операција и ја платил бившиот, сега бара љубов (ФОТО)

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЖИВА БАРБИКА: Првата операција и ја платил бившиот, сега бара љубов (ФОТО)

Барбара Сипос Луна (22) од Будимпешта привлекува внимание каде и да се појави, затоа што изгледа како вистинска барбика. Таа инвестирала повеќе од 85.000 евра во нејзиниот изглед, а сите операции ги финансирал нејзиниот поранешен сопруг, пишува Телеграф.

Барбара сега се обидува да заработи пари како веб-модел затоа што не може да најде нормална работа. Како што вели, каде и да почне да работи, мажите постојано ја задеваат. Таа тврди дека работела и како рецепционер во еден објект, но дека морала да си даде оставка затоа што мажите биле само луди за неа, иако никогаш не се облекувала провокативно.

Таа вели дека ја обожавала Барби уште од дете и дека постојано играла со овие кукли, и дека секогаш сонувала дека кога ќе порасне, да изгледа како една од нив. Веќе на 17-годишна возраст, ја имала првата операција, а потоа следеле уште девет.

Таа за себе вели дека никогаш не била грда, но дека едноставно не била задоволна од својот изглед.

Се запознала со нејзиниот сега поранешниот сопруг додека работела на рецепција, а тој веднаш полудел по неа па не било тешко да го убеди да плати за операцијата. Сепак, разводот следел во ноември минатата година и оттогаш се обидува да го најде вистинскиот маж, а во моментов е слободна.

Таа се надева дека нејзиниот изглед нема да ја спречи да најде искрена љубов и дека ќе најде маж кој ќе разбере дека таа и покрај својот изглед е сосема нормална и обична девојка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата