Како и во другите држави, така и во Италија, докторите, лекарите, сестрите и сиот остант медицински персонал води херојска битка против Ковид-19.

Истата трае веќе 5-6 месеци, па сите здравствени работници едвај стојат на нозе. Посебно е критично во Италија, во северниот дел на земјата. Фановите на Бреша дојдоа до оригинална идеја како да им помогнат на своите херои.

Идеја за која раскажува цела планета, направија гест кој никого не остава рамнодушен. Неколку стотина фанови застанаа пред болницата во Бреша и со песна ги бодрат тие што се внатре, тие што 5-6 месеци работат скеојдневно и спасуваат животи. Ретко кој го изгледал видеото а да не пуштел солза.