Тимот на Валенсија, кој е заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ гради одличен „ростер“ за новата сезона.

Најново од шпанскиот клуб е Американецот, Дерик Вилијамс, кој наместо во Химки одлучи да го облече дресот на Валенсија, откриваат тамошните медиуми. Некогашниот втор пик на драфтот пред две години неочекувано дојде во Европа, играше за тимот на Баерн, по што се пресели во Фенербахче.

Вилијамс минатата сезона бележеше просек од 11,3 поени и 3,9 скока. Во својата кариера ги носеше дресовите на Минесота, Сакраменто, Њујорк, Мајами, Кливленд и кратко време беше во Лејкерс и во Кина, од 2018 година тој е во Европа.

Валенсија претходно го донесе Клемен Препелич од Хувентуд, беше заинтересиран за Били браун, Нандо де Коло…

Останува во следниот период да видиме дали Димитријевиќ ќе се пресели во овој тим.