Гвардиола во Јувентус! Зошто име толку скапо решение кога и онака се најдобри

9.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гвардиола во Јувентус! Зошто име толку скапо решение кога и онака се најдобри

Италијанскиот шампион Јувентус прави се да стане најдоминантниот тим во Европа.

 Според „ Il Giornale" Јувентус постигнал вербален договор со Пеп Гвардиола , која на крајот на сезоната би требало да го напуушти Манчестер Сити , а потоа да потпише четиригодишен договор со „Старата дама “ од Торино.

Оваа сензационална вест ја објавил новинарот Луиџи Гуелпа кој појаснил.

-Оваа информација ми ја даде истата личност која ми дојави дека Кристијано Роналдо доаѓа во Јувентус“, изјавил италијанскиот новинар во радиска емисија.

Италијанските медиуми во последните неколку месеци известуваат за судирот меѓу тренерот на Јуве Масимилијано Алегри и претседателот на клубот Андреа Ањели. Се пишуваше и за тоа дека популарниот Макс поднел оставка незадоволен од атмосферата  во тимот создадена по поразот во осминафиналето од Лигата на шампионите од Атлетико мадрид со 2-0 , по што медиумите веќе започнаа и лицитација за новиот предводник на тимот од Торино.

По неговото заминување од Реал Мадрид, се зборува дека клупата на Јуве е резервирана за Зинедин Зидан на лето во 2019 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата