СКАНДАЛ: Објавени докази дека ВЛАДАТА НА ЗАЕВ ПРИСЛУШКУВАЛА НОВИНАРИ И ПОЛИТИЧАРИ (ВИДЕО)

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СКАНДАЛ: Објавени докази дека ВЛАДАТА НА ЗАЕВ ПРИСЛУШКУВАЛА НОВИНАРИ И ПОЛИТИЧАРИ (ВИДЕО)

На прес конференција, Љупчо Палевски открива дека во периодот околу референдумот, за потреби на власта биле прислушкувани и следени, новинари и политичари.  

Кодното име на операцијата е Атлантик и истата се одвива во период пред референдумот кога се следат сите противници на промената на името и против нив се калемат тешки обвинувања за домашен тероризам и македонски екстремизам. Освен прислушувањето, власта уфрлала и провокатори по кафеани, кои создавале лажна атмосфера на антидржавни дејства од страна на политичарите и новинарите со цел да се обезбеди политички интерес на владеачката СДСМ.

За сето ова, Љупчо Палевски на прес конференција покажа докази кои ги потврдуваат овие дејствија. Прислушувањето на новинари и политичари од страна на Зоран Заев и СДСМ е голем скандал, тешко кривично дело кое само се надоврзува на серијата кривични дела за кои последиве година дена се изнесени многу докази, а само за дел од нив се водат постапки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата