Кирил Лазаров на терените како играч ќе го гледам уште една сезона. Капитенот на македонската репрезентација веќе размислува за „пензионирање“, по кое одново ќе биде на терените, но како тренер.

Според „Спортске Новости“ нема да биде чудо доколку Лазаров го видиме на клупата на ППД Загреб. Хрватскиот тим е желба на најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите.

Македонската „гол-машина“ добро го познава теренот во Загреб, во периодот од 2000-2002 од 2007-2010 година го носеше дресот на „плинарите“.

„Има желба да биде тренер на Загреб, секако кога ќе се укаже шанса за тоа, како што вели самиот во овој град ги мина најубавите денови во неговата кариера, тој се чувствува како дома“.