(Видео) Две лица загинаа, а едно е повредено во пожар во фабрика во Нови Сад

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Две лица загинаа, а едно е повредено во пожар во фабрика во Нови Сад

Две лица загинаа, а едно е повредено во големиот пожар што избувна денес околу девет часот во фабриката „Котекс вискофан“ во Нови Сад, потврдија од Институтот за итна медицинска помош.

„Нашите два тима интервенираа околу 9 часот на улицата Приморска, каде што избувна пожар во фабриката ’Котекс вискофан’, а лекарите пронајдоа две лица без знаци на живот. За жал, за нив можеа да констатираат само смрт. Станува збор за мажи на возраст од 62 и 48 години, додека еден маж на возраст од 40 години бил итно пренесен во Сремска Каменица во Институтот за белодробни заболувања поради прекумерна изложеност на чад“, велат од Брза помош чии екипи се уште се на терен и ја следат ситуацијата, пренесува „Блиц“.

Пожарот кој е ставен под контрола, сè уште го гаснат 20 пожарникари со осум противпожарни возила, а на терен биле испратени и две цистерни со вода од ЈКП „Градска чистота“.

Полицијата го обезбедува фабричкиот круг и повеќето работници се безбедни.

„Котекс вискофан“ се занимава со производство на колагенски обвивки за месната индустрија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата