На свадба со коронавирус се заразиле 12 лица

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На свадба со коронавирус се заразиле 12 лица

На свадбена веселба во околината на Сплит, Хрватска, деновиве, со корона вирус се заразиле 12 лица.

- Според извештајот на Националниот штаб за јавно здравје од вкупно 166 обработени тестови од подрачјето на Сплитско-далматинската жупанија денеска се потврдени 14 новозаболени лица, се вели во соопштението.

Од нив 10 се од Сплит, по еден од Дугопоље, Подстране, Трогир и Макарска. Од вкупниот број новозаразени денеска 12 се во врска со свадбен собир од пред неколку дена, додека две лица не се во врска со споменатиот настан.

Сите новозаболени се епидемиолошки обработени, а нивни контакти се обраборуваат. 160 лица се во самоизлоација, а ни едно позитивно лице не се во болница.

Во Хрватска до сега, денеска се регистрирани 50 новозаболени, а се уште се обработуваат другите податоци.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата